Живот и забава

Швајцарија ќе го легализира кокаинот

Главниот град на Швајцарија размислува за легализирање на кокаинот, признавајќи дека „војната против дрогата не успеа“. Иако запленуваат стотици тони годишно, преплавени се со кокаин. Белото таму никогаш не било поквалитетно и поевтино. Една доза најчист кокаин се продава по цена не многу поголема од онаа за едно пиво. 

Мегадет: Не сте фер ако сме ви скапи

Како што скопските кафанџии пробуваат да ги правдаат збеснатите цени со зголемените цени на набавките (оти по помалите градови не е поскапено па пак се јаде за попристојни цени), така и некои музичари фатија да им се жалат на фановите дека турните им имаат големи трошоци па затоа картите мора да се толку скапи. А сами да си ги штимаат инструментите, не ги личи.

Колку пари имаа Мекалистер?

Пред традиционалното сезонско повторување на битката меѓу Кевин Мекалистер и двајцата провалници (познати како Мокрите бандити) Њујорк тајмс седнува да пресмета колку пари има семејството што со комбиња патуваше до аеродром за да лета до Париз за Нова година и живее во толкава куќетина.

Комарот како феминистичка алатка

Еднаквоста меѓу половите, јазот во платите, зајакнувањето на позицијата на жената и другите актуелни теми од овој тип се решаваат со разни средства и алатки. Сепак, ова досега го немало: постои компанија која тврди дека жените можат многу да си помогнат и на работното место и дома, само ако научат да играат покер.    

ЕУ членките уништија ковид вакцини во вредност од 4 милијарди евра

Најмалку 215 милиони дози вакцини против ковид-19, во вредност од 4 милијарди евра, набавени во пикот на пандемијата во ЕУ се фрлени бидејќи никој не сака да ги прима. И ова се смета за доста конзервативна проценка.

Разбирањето е во печатен текст, не во дигитален

Читањето печатен текст може да ве унапреди за што и да читате шест до осум пати повеќе отколку читањето на истиот текст ама во дигитална верзија. Читањето печатен наспроти дигитален материјал излегло дека е посебно важно за деца.

Пеколните точаци на Амстердам

Амстердам брои повеќе точаци отколку луѓе и иако во споредба со овдешните сообраќајни тромбози, тоа ни изгледа како научно-фантастична идила, две третини од луѓето не се чувствуваат безбедни кога се движат по град. Најголеми бељи прават електричните велосипеди и тротинети кои се понашаат ко кај нас сељаците со бесни коли.

Не требаше да избрзувате со вежбање

Едно е што сè до сега е зборено на тема вежбање и физичка активност, друго е што покажува нова скандинавска 45-годишна студија. Ова второто е дека премногу физичка активност всушност го забрзува процесот на стареење на нашите тела.

САД имаат 7,5 милијарди долари за полначи за електрични возила и 0 полначи

Американскиот Конгрес на барање на владата на Бајден во 2021 се согласи да потроши 7,5 милијарди долари за низ земјата да изгради мрежа од стотици илјади полначи за електрични возила. Две години подоцна се уште се чека поставувањето на првиот полнач.

На Харвард ќе се изучува нов предмет - Тејлор Свифт

За само 78.000 долари годишно, студентите на Харвард ќе можат да ја изберат Тејлор Свифт како еден од предметите што го изучуваат на една од највисоко рангираните научни институции на светот.

Колку помалку мито, толку послаби државни функционери и службеници

Кинеската масовна анти-корупциска кампања имала неочекувано позитивна нус-појава и предизвикала намалување на БМИ-то и бројот на дебели јавни службеници на сите нивоа низ кинеската хиерархија.

Разбирате ли што се пее во „Луи, луи“?

Снимена од Кингсмен, „Луи Луи“ почна да се искачува на поп-листите пред 60 години. Тоа е песна која нема кој не ја чул, но речиси никој докрај не ги разбира зборовите, посебно во оригиналната верзија. Тоа ѝ беше казна поради која стигна до ФБИ и Врховниот суд, но и благослов за да стане толку популарна. Плус, секој идиот може да ја научи да ја свири.

Путин побара по 8 деца од руските жени

Рускиот претседател ги повика Русинките да имаат осум или повеќе деца и да направат големите семејства да бидат новиот стандард, откако земјата повеќе од 30 години, од почетокот на 1990-те, константно има пад на популацијата.

Признаа: Маските беа наметнати без никакви докази

Професорски авторитет од врвот на британските здравствени власти, пред владини претставници сведочеше дека во времето на пандемијата, политиките за задолжително носење маски биле донесени без никакви научни докази дека маските вршат работа. На тој начин, не само што не помогнале, туку веројатно и ја влошиле состојбата.

Колку заработуваат Металика по концерт?

Иако немаат шанси со една Тејлор Свифт чии концерти се битна ставка во локалните економии онаму каде што настапува (види ја табелата во „Рудникот наречен турнеја“), мој друг Металика се во самиот светски врв на оние кои најмногу заработуваат од своите свирки. Додуша, пак треба да се запотат. Лапање тендери од држава и натаму е полесно.

Шејн, последниот ирски бунтовник

Највпечатливо во врска со смртта на Шејн Мекгован е што се случи дури во 2023 година. Почина на 65 години. Никој, ама баш никој, не веруваше дека тој, со сите свои жестоки пороци и лудила, ќе доживее возраст за пензионирање. Ама, ете доживеа, а неговата музика ќе ги преживее сите оние кои денес се грозат од неговата божиќна бајка, само затоа што е спомнат зборот „педер“.

Германија ќе блокира полначи за автомобили и топлотни пумпи

По години и години промовирање и субвенционирање електрични автомобили, Германија сега процени дека електричната мрежа на земјата баш и не е подготвена да ги издржи полначите за автомобили, па од следната година ќе се ограничува колку струја стига до овие уреди.

Најново решение за климатската криза: Да нема доволно паркинзи

Тоа што луѓе и сега очи ќе си извадат во нервозите да најдат паркинг место (додуша, на нашите јунаци од „Богати и славни“ тоа не им е проблем), на климатските активисти не им пречи баш тоа да го посочат како решение. Кај нив секогаш чучела идејата, колку на луѓето им е полошо, толку на планетата ќе ѝ биде подобро.       

Овие стварно сакаат да останат невработени

Ген З работниците бараат резимето веќе да не биде главен фактор за наоѓање работа, туку дека тие треба да бидат вработени заради нивната „личност“, а не заради продуктивноста.

Сеул да бира, сака кучиња во чинија или кучиња на улица

Јужнокорејските одгледувачи на кучиња за јадење се заканија дека ќе пуштат два милиона кучиња на улиците на Сеул доколку владата ја воведе забраната за јадење кучешко месо. Во останатите вести, во Јужна Кореја има два милиони кучиња што чекаат да бидат изедени.

Германија повеќе не сака да биде „борделот на Европа“

Повеќе од две децении откако беше легализирана, германските политичари сега бараат начин како да ја забранат проституцијата, бидејќи државата почнала да станува „борделот на Европа“.

На глобално затоплување ќе треба да почекаме

Затоплувањето на планетата нема да се случи баш така брзо како што се очекуваше. Науката само што откри дека растенијата ќе апсорбираат повеќе јаглерод диоксид отколку што првично се пресметуваше па важечките модели ја преценуваат брзината со која ќе се одвива процесот. 

Роботски е да се греши

Робот кој без проблеми се користел пет години за сортирање зеленчук, решиле да го подобрат и да го направат уште поефикасен. Му додале екстра сензори и дополнителен софтвер па техничар сакал да провери дали системот работи добро. Очигледно не, бидејќи роботот помислил дека не се работи за човек туку за кутија пиперки.    

Кој ќе издржи повеќе, ти без алкохол или мозокот со алкохол?

Научници заклучуваат дека мозокот може сам дај ја поправи штетата што му е направена од претерано пиење алкохол, единствено што се очекува од вас е да не пипнете алкохол некои си 7,3 месеци. Не, не може. Ни капка.