Тоа што ги преживеа 70-тите беше чудо. Тоа е деценијата кога бил стрпан на психијатриски оддел на 17-годишна возраст, а подоцна стана познат по тоа што ѝ даваше на девојка му да го гризе („Канибализам на свирка на Клеш“, гласеше наслов во НМЕ со фотографија од раскрварениот Шејн).
Тоа што ги преживеа осумдесетите, неговиот најславен период како фронтмен на Поугс беше фасцинантно.
Тоа што го преживеа својот повеќедецеиски алкохолизам и користење крек веќе станува нејасно.
Неговото одбивање да умре беше толку легендарно што дури има книга објавена во 2001 година наречена „Дали Шејн МекГован сè уште е жив?“
Да, најголемиот автор на песни на осумдесеттите нè напушти. Човекот кој сам ја оживеа традиционалната ирска музика и ја засили со вревата на лондонскиот панк, му се придружи на големото алкохоличарско друштво на набесата.
Имаше 65 години. Помладите генерации никогаш нема да сфатат колку е лудо што Шејн Мекгован стигна до возраст за пензионирање. Денес мислат дека е бунтовно ако некој рече дека се чувствува како they / them.
Првпат му дале алкохол кога имал пет години, првпат земал есид на 14.
Денес се жртвуваат личните заменки, нашиов ги жртвуваше забите. Додуша подоцна му направија нови, на што кажа: „Баш се онакви какви што си замислувам дека ги памтам“.
„И покрај тоа што се восхитуваме колку поживеа, најмногу за почит се неговите дела. Тоа е оставштина. Пола Лук Кели, пола Сид Вишоус. Песни со таква емотивна длабочина и бурен дух за кои знаевме дека ќе ги пееме и кога ќе имаме 50. А сега имаме“, пишува Бренадн О'Нил.
Слушнете ја најпознатата (види: Приказната за најубавата божиќна песна на сите времиња), ама чујте ги и ‘Misty Morning, Albert Bridge’, ‘Boys From the County Hell’, ‘The Old Main Drag’, ‘Yeah Yeah Yeah Yeah Yeah’…. ‘I love your lips and I love your eyes / I love your breasts, I love your thighs...’ немате чуено многу вакви љубовни песни.
Првично наречени Поуг Махоун - ирски за „баци ме у дупе“ - Поугс дипломатски го стишаа своето име во раните осумдесетти. На музичката сцена избија со албумот „Red Roses for Me“ во 1984 година. Тоа беше година на њу романтикс и Бенд Еид. Нашминкани мажи кои глумат сериозни фаци покрај дим машините на Топ оф д Попс и мињоните на Боб Гелдоф со тажни очи кои се прашуваат дали гладниот народ во Етиопија воопшто знае дека е Божиќ (65% од нив се христијани, така што, веројатно знаат).
Потоа доаѓа оној хибриден ирски/лондонски бенд, дел-традиционална ирска музика, дел-панк, како Брендан Бехан и Џони Ротен да им пркоселе на законите на природата па добиле потомство, пеејќи ги „The Auld Triangle“ и „Poor Paddy“ и „Down in the Ground Where the Dead Men Go“. Не чуди што Мелоди Мејкер ги опиша „Црвените рози“ за брилијантни, но чудно ирелевантни.
До нивното ремек-дело „If I Should Fall From Grace With God“ од 1988 година, каде за првпат се појави ‘Fairytale of New York’, Поугс целосно ја прифатија својата „чудна ирелевантност“. Запрашан зошто неговата панкерска ирскост доживеа толку голем успех, рече „затоа што не бевме педери со сајзери “. Па ќе дообјасни „немаме ништо против педерите, имаме еден таков,“ мислејќи на гитаристот Филип Шеврон, кој беше геј.
Не можеше да поднесе ниту „world music“. Знаете, она кога Питер Габриел во војничка јакна пее за Стив Бико или кога Ени Ленокс промовира кондоми. Никој нејќеше „уште еден куп стрејтери кои свират „светска музика“, ќе рече тој. Тие ги сакаа Поугс, сакаа лудаци. Ги добија.
„Бајката“ ги каапултираше во стратосферата. Успеаја дури да го убедат и тогашниот главен кршач на женски срца, Мет Дилон, да им глуми во спотот. Подоцна Дилон се сеќаваше дека морал да го држи Шејн за да не се ничкосува по скалите.
„Тоа што нашите стари првично беа згрозени од нив - загрижени дека ја валкаат музиката на татковината со својата вулгарност - беше дел од атракцијата. Нашите англиски другари го имаа Дикон Блу, ние ги имавме Поугс. Гем, сет, меч. Искрено се надевам дека на Шејн му беше јасно што правеше за цела една генерација која често се чувствуваше откачена и од родителите и од општеството. Нè има милиони кои тоа никогаш нема да заборавиме“, пишува Брендан О'Нил.
************
Види и: