Истражувањето се однесува на алкохоличари кај кои обично се јавува истенчување во делови од кортексот. Во студијата на Универзитетот Станфорд кај истите овие луѓе кога решиле да престанат да пијат почнала да се враќа дебелината на кортексот уште во првиот месец, а процесот на заздравување траел до 7,3 месеци (по некој просек на месеци околу 225 денови).
Се проценува дека во САД има околу 16 милиони лица кои го имаат овој проблем (официјалниот назив е АУД - alcohol use disorder), заради што и се смета за проблем на јавното здравје.
Во студијата освен алкохоличарите е земена и контролна група на луѓе без АУД кај која дебелината е следена во рок од 9 месеци. Кај нив немало разлика меѓу првиот и последниот скен.
Во просек враќањето на првичната дебелина се одвивало поспоро кај лицата кои имале висок притисок или холестерол, а истото важело и за луѓе кои се уште биле активни пушачи.
И покрај тоа што е прва ваква студија на подолг рок, истражувачите признаваат дека ќе требаат дополнителни студии кои ќе земат предвид варијабли како генетика, физичка активност, здравје на црн и бел дроб.