Научници заклучуваат дека мозокот може сам дај ја поправи штетата што му е направена од претерано пиење алкохол, единствено што се очекува од вас е да не пипнете алкохол некои си 7,3 месеци. Не, не може. Ни капка.
Славниот германски гигант првпат ја почуствувал власта пред половина век, кога хрватскиот тренер Бранко Зебец ги водел Франц Бекенбауер, Милер и останатите легенди на баварскиот клуб. Но страста за чашката му била поголема од страста за фудбалот.
Апелирајќи на традиционализмот и патриотизмот на Полјаците, полската црква побара 100 годишнината од независноста на државата да се прослави со 100-дневно апстинирање од алкохол. Голем дел од прозваните (трезвено) реагираат: тешко тоа.
Откако четврти пат е уапсен како вози пијан, маж од Тексас бара укинување на неговата 4-годишна затворска казна по основа дека - границата за возење пијан во Тексас е дискриминаторска кон алкохоличарите.
Некогашниот десен бек на бразилската фудбалска репрезентација и член на Рома и Реал Мадрид (со Бекам, Зидан), Сисињо неодамна призна дека долго време се борел со зависноста од алкохол. Додека бил во Рим пиел и до 18 коктели, а неретко и на тренинг одел поднапиен. Сметката му стигнала и сега продава книги во Рио де Жанеиро.
Малиот Пол, второ од четирите деца, првите фудбалски чекори ги направил на улицата Пит 29 во местото Данстон. Кога ќе се стемнело, се враќал дома и често јадел пржени риби, слушајќи го во позадина пијаниот татко Џон на кој Гаскоњ ќе се метне.
Ако не пиеш ќе копаш, ако копаш ќе имаш пари, ако имаш пари ќе те сакаат жена ти и децата, ако те сакаат жена ти и децата ќе држиш говори. Не дека работите не се развиле и во спротивен правец.
Заклучокот на студијата е дека луѓето кои работат над 48 часа неделно, е 11% поверојатно да пијат ризични нивоа на алкохол отколку оние со стандардна работна недела. Ризично е 21 пијачка за мажи и 14 за жени, во рок до 7 дена.
Шкотска направи дабл-дабл во решавањето на алкохолизмот, откако со еден потег успеа да го намали консумирањето алкохол меѓу тинејџерите, а притоа ништо да не им наруши во пиењето на недолжните не-тинејџери.
Колкав може да биде проблемот со алкохолизмот кај мечките во Украина? Доволно голем за на Карпатите да се отвори центар за лечење на мечки алкохоличари.