Ралф Алфред Фрајзенхан тврди дека лимитот од 0,08 „ја игнорира повисоката толерантност кон алкохол што ја луѓето кои често пијат ја имаат развиено.“ Според него ова дозволува на заштитената класа алкохоличари да и биде судено без да се докаже дека алкохолот во нив предизвикал тие да немаат контрола врз сопствените ментални или физички способности.
Обидот на Фрајзенхан беше одбиен од судот во Остин, со објаснување дека законот не ги издвојува алкохоличарите туку важи за сите возачи подеднакво. Тие објаснуваат и дека подносителот не успеал да докаже дека алкохоличарите се заштитени со американскиот закон за инвалидитет.
„Наместо тоа, тој тврди дека тие треба поинаку да бидат третирани... и со тоа не успева да покаже прекршување на правото за еднаква заштита,“ се објаснува од судот.
На последниот прекршок, по кој добива 4-годишна казна затвор, кај Фрајзенхан е измерена концентрација алкохол од 0,29, што е над 3,5 пати повеќе од дозволеното. Фрајзенхан претходно е лежел затвор за возење пијан во 1985, 1990 и 1998.