"Вотката е нашиот непријател а ние непријателот го уништуваме" гласи една од многуте руски поговорки во кои е врежан колективниот фетиш кој Русите го имаат кон својата омилена алкохолна пијачка.
Студија на судбините на преку 150.000 лица од три руски града во период од 10 години покажала фрапантно висока поврзаност на навиката за пиење и предвременото умирање. Заради вотката.25 проценти од сите мажи веројатно нема да живеат подолго од 55 години.
За споредба, во Велика Британија бројот на смртни случаи предизвикани од екстензивно и долгогодишно конзумирање алкохол изнесува 7 проценти од вкупниот број.
За време на прохибицијата од ерата на Горбачов, употребата на алкохол официјално забележала пад од 25 проценти за бројките повторно да почнат да растат во 98-ма, со колапсот на рубљата.
Сиве овие години Путин се обидува да наметне строга регулатива, бројни рестрикции и високи даноци на алкохолот но, како што пишувавме претходно, со тоа само се зголемила количината на илегално произведената и продадена вотка.