Бискупите со години апелираат август да биде месец на апстиненција и да се посвети на трезно славење на бројните верски поразници кои ги има месецот. Овој август ја засилија кампањата поврзувајќи ја со стогодишнината од независноста на Полска која пред 11 ноември 1918 беше поделена меѓу Русија, Австрија и Прусија.
„Полјаците пијат премногу и пречесто“, се пожали бискупот Тадеуш Бронаковски кој е иницијатор на стодневниот алкохолен пост кој го смета за тест на слободата и љубовта кон својата земја.
Светската здравствена организација ги става Полјаците на респектибилното 14 место по потрошувачка на алкохол. На прво место се Белорусите кои годишно испиваат по 17,6 литри алкохол (вклучено и младо и старо, и шуто и рогато).
Полската влада проценува дека три милиони нејзини граѓани редовно пијат а 800.000 се алкохоличари од кои 10.000 лица секоја година умираат од злоупотреба на алкохол. А во ЕИ има и бетер од нив - Чесите, Романците, Словенците, Унгарците и Естонците.
Според Еуростат, секој жител на ЕУ во просек годишно дава по 200 евра за алкохол, во што не е вклучен оној од угостителски објекти туку само оној кој е купен во продавница. Најмногу трошат балтичките земји, до 5,6% од семејниот буџет.
Во 2016 година, Европјаните трошеле повеќе пари на алкохол отколку на образование.