Бројката е од неодамнешниот извештај на Светската здравствена организација и е во споредба со 2003, а нивната поента е кога Русите покажале дека може да се намали консумацијата на алкохол (преку правилни и ефикасни политики), тогаш секоја држава може да ја намали.
Ваквите резултати се должат на голем број мерки што Путин ги воведе низ годините со цел Русите да тераат поздрав животен стил.
Тоа што намалија на пиење веднаш се одрази и во очекуваниот животен век на Русите, кој во 2018 беше 68 години за мажи а 78 за жени. На почетокот од 1990-те, кај мажите ова беше само 57 години.
Меѓу мерките што Русите ги воведоа низ годините се:
- Зголемување на акцизата за алкохол.
- Воведување на минимална цена на вотката во 2003 и нејзино постепено зголемување.
- Воведување на минимална цена и кај другите алкохолни пијалаци.
- Забрана за продажба на алкохол по 23 часот.
- Комплетна забрана за рекламирање на алкохол.
- Ограничување на достапноста на алкохол во одредени региони.
Падот на консумацијата исто така удрил и на нелегално произведениот и шверцуван алкохол.
Следно нешто на што работат Русите е забрана за пушење. Меѓу првите мерки е забрана за пушење на приватни балкони на згради или хотели. Ова пробуваат да го истераат во име на безбедност, бидејќи 60% од пожарите на балкони започнале од невнимателно пушење.