Во центарот веќе има 3 "вотка мечки" Јура, Машенка и Роса, кои неколку недели ќе минат во своите кафези со поглед на планината, а потоа откако ќе се отрезнат ќе бидат пуштени во блиската шума.
Ова се мечки кои како атракција во внатрешноста на земјата биле присилени да пијат алкохол за забава на јавноста.
Одлуката за нивно отрезнување беше донесена во август минатата година, кога министерот за екологија и природни ресурси нареди ослободување на сите мечки кои се држат за забава. Делумно за да се спасат животинчињата, делумно за Украинците да не излезат дивјаци пред гостите на ЕУРО 2012.
По законот, задолжително е ослободување само на мечките алкохоличари, додека останатите можат да бидат ослободени само со согласност на сопствениците.