Професорката Џени Харис, денес на чело на британската Агенција за здравствена безбедност а втор човек на здравствените власти во времето на пандемијата, на сведочење објасни дека задолжителноста на маските не биле темелени на никаква научна реалност.
Таквите политики имале ефект на пружање лажно чувство за безбедност, со што ја влошиле состојбата бидејќи мислејќи дека се заштитени со маските, луѓето влегувале во рискантни ситуации кои би ги избегнувале ако знаеле дека маските не ги штитат.
„Луѓето се убедија дека ако носат маска, таа ќе ја компензира неопходната социјална дистанца. Ама нема, никогаш не постоеја докази за тоа, “ вели Харис.
BBC го пренесуваше нејзиното сведочење но реши дека е доста со пренос кога почна да се зборува дека маските станале задолжителни без никакви научни докази.