Забелешката е дека законот од 2002 не успеал во својата намера да им даде на сексуалните работнички повеќе права и признание пред германскиот закон. Под ова се подразбира работнички права, пристап до социјална помош и право да тужат клиенти кои не им платиле.
И покрај добронамерноста на законот, проблем е што најголемиот дел од сексуалните работнички во Германија се од странство, немаат документи, и се оставени на милост на шверцери на луѓе и макроа.
Според заменик лидерката на пратеничката група на ЦДУ и ЦСУ, најголема корист од легализираната секс индустрија имаат макроата и шверцерите на луѓе, додека „жените се малтретирани на најлоши можни начини од клиентите и макроата.“
Предлогот на ЦДУ е наместо постојниот да се воведе нордискиот модел кој предвидува дека муштериите можат да бидат казнети за секс, но сексуалните работнички не се казнуваат.
Овој предлог подразбира и затворање на борделите, како и забрана за изнајмување станува на сексуални работнички. Процената е дека на овој начин, проституцијата ќе се намали но нема и целосно да се забрани во земјата.