До крајот на векот, растенијата ќе апсорбираат 20 отсто повеќе јаглерод диоксид отколку што беше предвидено, покажа ново истражување кое сугерира дека актуелните климатски модели преценуваат колку брзо планетата ќе се загрее.
Колеџот „Тринити“ во Даблин соопшти дека неговото истражување наслика „некарактеристично оптимистичка слика за планетата“ откако откри дека моделите не ги земале предвид сите елементи на фотосинтезата.
За време на фотосинтезата, растенијата користат светлосна енергија од сонцето за да го претворат јаглерод диоксидот, водата и минералите во шеќери кои им се потребни за раст. Научниците мислеа дека климатските промени би можеле да го ослабат процесот, но новото истражување сугерира дека растенијата можат да се прилагодат на температурите, ефикасно да го апсорбираат јаглерод диоксидот, да произведуваат дополнителни хранливи материи и да продолжат да напредуваат.
Тие открија дека на глобално ниво, количината на јаглерод конвертирана за време на фотосинтезата на крајот на овој век може да биде до 68 отсто поголема во споредба со почетокот на векот и 20% повеќе отколку што сугерираат некои сегашни модели.
Помали концентрации на CO2 значат побавно покачување на температурата. Помалку познат парадокс е дека растенијата голтаат повеќе јаглерод диоксид благодарејќи на зголемениот раст на вегетацијата која пак се должи на растот на јаглеродот.
Климатолозите кои се држат до наративот за апокалиптично загревање на планетата уверуваат дека ова истражување не ја менува потребата да се дојде до нет нула емисии што е можно побрзо.