Студијата спроведена од Универзитетот во Вухан покажала дека борбата против корупцијата најголемо влијание имала на БМИ-то кај јавни службеници кои авансно земале мито во споредба со оние по завршената работа.
Кинеските научници заклучуваат дека еден од основните фактори кои придонеле за намалување на БМИ-то бил и дефицитот на гезмиња, односно, намалување на фреквентноста на пиење алкохол и јадење во ресторани, што пак се одразило на зголемено време потрошено на вежбање.
Како што службениците успеале да го доведат во ред бројот на кафани што ги минуваат, така тие повеќе посветиле време на своето здравје, што пак имало позитивно влијание врз нивната бирократска ефикасност и квалитет на работа.