Фински научници од Универзитетот Јуваскила ги анализираат резултатите на 11.000 истополови близнаци во периодот од 1975 до 2020. Учесниците сами го пријавуваат времето и интензитетот на дневната физичка активност и се категоризирани во четири групи: седечка, умерено активна, активна и високо активна.
Бројките покажале дека оние кои најмалку вежбале имале 20 проценти поголеми шанси да починат во текот на 45-те години што се следат, отколку оние кои биле редовно активни.
Но, кога во пресметката биле додадени и фактори како образование, БМИ, пушење и алкохол, нивната смртност значително паднала. По таа пресметка, лицата од седечката група биле само 7% поверојатно да умрат отколку оние во активната група, со тоа што од поактивните нивоа на вежбање „немало никакви дополнителни бенефити“.
Филтираните бројки на студијата покажале дека биолошкото стареење се забрзало кај оние кои вежбале премногу или премалку, па оние што биле физички најактивни биле 1,8 години постари од оние кои се држеле до умерена физичка активност.
Заклучокот на научниците по сето ова е дека оние кои вежбале не живееле подолго заради вежбите, туку заради генерално поздравиот животен стил што го имале и што ја придружуваат физичката активност.