Сојузните држави и индустријата се вадат на „лавиринтот од нови услови за договори и перформанси“ што треба да ги исполнат за да добијат федерални пари, а во исто време само половина од сојузните држави воопшто имаат објавено тендер за изградба на полначите и покрај тоа што до сега им се одобрени 2 милијарди долари.
Процените се дека на САД до 2030 ќе им требаат најмалку шест пати повеќе полначи отколку што имаат денес. Моментално САД располагаат со околу 180.000 полначи, а со парите од Конгресот треба да се постават уште 500.000.
Околу 5 милијарди од парите ќе бидат за поставување полначи на интерстејт сообраќајната мрежа на автопати. Програмата, меѓу другото, предвидува дека на главните патишта ќе смее да има максимум 80 километри оддалеченост меѓу две точки на полнење, и тие ќе треба да бидат функционални во 97% од времето.
Во исто време мрежата на полначи што беше одобрена е клучна за агендата на Бајден до крајот на деценијава половина од сите возила во САД да бидат електрични. Во американските анкети речиси редовно недостатокот на полначи е главна причина зошто Американците одбиваат да купат електрично возило.