Маж на свои 40-ти години бил здробен до смрт од робот во фабрика за сортирање производи во Јужна Кореја, откако машината најверојатно го помешала со кутија зеленчук.
Според корејските медиуми, техничарот дијагностицирал проблем со сензорите во извозниот земјоделски комплекс, решил да провери дали сензорската електроника работи правилно, но роботот го зграпчил и прописно го здробил. Од повредите, починал во болница.
Роботот се користел веќе пет години. Корисникот и производителот сакале да го направат уште поефикасен а убиениот техничар работел за производителот.
Ова не е прв инцидент автономен систем да му наштети на човек во Јужна Кореја. Минатиот месец самоуправувачко робо-такси влечел жена која претходно била удрена од друг автомобил управуван од човек па паднала врз таксито.