На последната стадионска турнеја за поддршка на најновиот албум, 72 Seasons, за пет концерти продале 230.682 карти.
Вкупниот приход, само од карти, им е 29 милиони и кусур долари, односно по 5,9 милиони долари за еден концерт. Тоа значи дека четворицата би добиле по 1,7 милиони за настап.
Но, има тука и трошоци. Ако тие се проценат на 65% од приходите, на Металика од еден концерт им остануваат по 961.000 по човек. Плус имаат за делење по околу 700.000 долари од продажба на маици и дрангулии.
Ќе свират и оро ќе играат.