За пролетниот семестар, професорката по англиски јазик на Харвард, Стефани Бурт, ќе држи предавања на тема „Тејлор Свифт и нејзиниот свет.“ До сега речиси 300 студенти од универзитетот се имаат пријавено за овој предмет.
Програмата за предметот предвидува спојување на делата на Свифт со делата на други луѓе. Па освен пејачката на часовите пример ќе се изучуваат и книги од автори како Вила Картер или Џејмс Велдон Џонсон.
За „домашна“ од студентите ќе се бараат неколку академски есеи во кои тие ќе треба „издржано да аргументираат со јасно претставени докази во лесна за следење проза“. Еден од есеите ќе мора да биде на тема Тејлор, а вториот на нешто од останатите материјали. Третиот есеј ќе биде и завршен испит по предметот.
На тие што го критикуваат предметот и неговото воведување во Харвард, професорката им порачува дека „предметот вклучува и голем број традиционално почитувани мртви луѓе кои долги години се учат на катедрите по англиски, од кои не се воодушевувам но сепак ги предавам. Делата на Тејлор се сржта на овој предмет. Ако не го почитувате овој опус на пишување песни и настапи, тоа не е мој проблем. Но тие треба да запаметат дека сè на што се троши најголемиот дел од времето во денешните катедри по англиски, некогаш било непрестижна популарна уметничка форма која никој не се трудел да ја изучува, пример сонетите на Шекспир.“