Џени Џаст и нејзиниот сопруг сакале некако да ја научат својата ќерка која се занимавала со тенис, да ја чита нејзината противничка на теренот а не само да мисли на својата игра.
Им текнало дека можеби покер може да помогне. Собрале уште 10 жени и девојки и почнале да ги учат на комар, забележувајќи брза трансформација кај нив: девојките кои прво меѓусебе наивно се прашувале која што да одигра, за брзо време станувале ајкули, решени да ја сотрат конкуренцијата.
Им текнало дека ова може да се развие во бизнис идеја па ја основале компанијата Покер Пауер која држи курсеви за покер на жени вработени во компании.
„Покер масата е иста како и сите бизнис маси на кои сме седеле во животот. Тоа е место каде што се учи, кадешто ти станува јасно дека твоите потези носат ризик, кадешто решаваш каде ќе го ставиш капиталот, место кое те тера да почнеш да правиш стратегии. Сè се тоа корисни искуства,“ вели Џени.
Велат дека не им е важно дали нивните курсистки некогаш ќе влезат во казино; поентата е да научат да победуваат (и да губат) на масата. Тоа ќе има ја зголеми самодовербата и ќе ги охрабри и вон масата за покер: да бараат покачување или унапредување на работа, да го натераат мажот да почне да го фрла ѓубрето...
Четири часа покер наплаќаат 50 долари. Компанијата денес е присутна во 40 земји и има работено со 230 компании, вклучувајќи ги Комкаст, Морган Стенли и други.