Заклучокот е од Универзитетот во Валенсија кој анализира повеќе од 20 студии за читање и колку читателите го сфатиле материјалот. Студиите се во периодот од 2000 до 2022 и имаат речиси 470.000 учесници.
„Поврзаноста меѓу фреквентноста на дигитално читање во слободно време и совладувањето на текстот е блиску до нула,“ изјавил ко-авторот на студијата, професор Ладислао Салмерон.
Едно од објаснувањата е дека тоа се случува затоа што „лингвистичкиот квалитет на дигиталните текстови обично е понизок отколку оној што вообичаено може да се најде во печатени текстови“. На пример, пост на социјални медиуми, може да е разговорен и да му недостасува комплексна синтакса и резонирање.
Според Салмерон, „читачкиот начин на размислување“ за дигиталните текстови обично е поплиток отколку оној за печатениот материјал, и кај првите многу почесто е „скенирање“ на текстот. Ова може да значи дека читателот „не е целосно внесен во нарацијата, или не успева целосно да ги опфати комплексните врски во информативен текст.“
Студијата открива и дека кај децата во основно училиште постои негативна врска меѓу читањето дигитален текст и разбирањето, но тоа прекинува по завршувањето на основно. Ова се објаснува и со тоа дека децата не можат да ги игнорираат најразличните дистракции што ги имаат на електронските уреди, како пораки.
„Знаеме дека нашиот капацитет да ја регулираме сопствената способност за спознавање еволуира во време на адолесценција. Младите деца не се целосно опремени да ја саморегулираат сопствената активност за време на дигитално читање,“ објаснуваат авторите.
Тие предупредуваат дека децата кои често пати читаат дигитални текстови на крај учат помалку академски вокабулар „во клучен период кога се префрлаат од учење да читаат на читање да учат.“
Истражувачите објаснуваат дека не се против читање дигитални текстови само објаснуваат дека дигиталните читачки навики не се исплатат толку колку читање печатен текст, заради што, посебно на школите, им препорачуваат читање печатен материјал наместо дигитален.