Како што Европската комисија призна дека „времето за добивање дозволи за унапредување на мрежата е меѓу 4 и 10 години, а 8 до 10 години за висока волтажа,“ така германскиот регулатор одлучи да ја избегне потенцијалната криза преку мерки за намалување на притисокот врз мрежата.
Германските снабдувачи со енергија во иднина ќе бидат „охрабрувани“ да го ограничат дотокот на енергија до потрошувачи како полначи за електрични возила и топлотни пумпи „како би ја зачувала стабилноста на мрежата, која страда од хронично недоволно инвестиции.“
Се проценува дека годишно во Германија се инсталираат 500.000 нови топлотни пумпи а до 2030 се очекува да има 15 милиони електрични возила.
Заради неодамнешна одлука на Европскиот суд на правдата, германскиот регулатор не може целосно да го секне напојувањето со струја за електрични полначи или топлотни пумпи, па нивното решение е само да го намали дотокот на струја до овие потрошувачи кога мрежата ќе има зорт.
По новите правила кои треба да почнат да важат од 1 јануари, уредите ќе добиваат само 4,2 киловати на час, што е доволно за пумпите да продолжат да работат а електричните возила во рок од 2 часа да можат да се наполнат за 50 километри. Останатите уреди во домот нема да бидат опфатени со оваа забрана.