Сопствениците на Спортс илустрејтед ќе отпуштат најголем број од вработените во магазинот, потег кој се смета и за негов крај.
Во соопштението Арена груп објавува дека ќе направи значително намалување на работната сила, откако компанијата не успеала да ја покрие тромесечната рата за правата на брендот Спортс илустрејтед, за кои плаќа 15 милиони долари годишно.
Еден ден по соопштението, уредниците и новинарите на Спортс илустрејтед биле информирани дека брендот ќе продолжи да постои, како и онлајн изданието, но во исто време голем број од вработените добиле мејлови дека нивниот работен однос престанува веднаш.
Сопствениците на брендот, Аутентик брендс груп, кој го изнајмува на Арена груп, порачале дека „ќе се осигураат брендот да продолжи да постои“.
Изминатите години Спортс илустрејтед најголемото внимание го привлече со одлуката во своето бикини издание да дозволи појавување на плус модели и трансродови лица.