Користејќи микроскоп со два ласера, научниците од Колумбија и Рудгерс универзитетите за прв пат успеваат да ја откријат и категоризираат просечната количина нано-пластика во водата. Тие прегледуваат по пет примероци од три често присутни брендови вода. Во нив бројот на честички нано-пластика се движи од 110.000 до 400.000 на литар, а просекот е околу 240.000.
Се работи за честички кои по големина се помали од еден микрон. За споредба влакно човекова коса е широко 83 микрони.
Научниците утврдиле дека најголемиот дел од пластиката доаѓа од самото шише и од филтерот за повратна осмоза кој се користи за прочистување на водата од другите загадувачи.
Она околу што научниците се уште не се сигурни е дали и колку овие парчиња нано-пластика се штетни за здравјето на луѓето. Додека да го дознаат ова, авторите на студијата изјавиле дека планираат да го прекинат или намалат користењето на вода во пластични шишиња.