Повикувајќи се на исто алиби како наши локални водоводи, од Перие изјавуваат дека по обилните дождови годинава, водата во еден од нивните бунари (ги имаат седум) покажала траги од фекални материи, заради што истиот веднаш е затворен.
Не е ново дека пластичните шишиња испуштаат нано-пластика во водата (а и друга течност) спакувана ви нив, ново е дека таа бројка изнесува 250.000 парчиња на литар.
Во една од фабриките што ги има во Мичиген, Нестле испумпува 950 литри вода во минута и ги флашира под брендот „Ајс Маунтајн“. За сета оваа вода Нестле на Мичиген му плаќа годишна дозвола од 200 долари.
Рекламите за флаширана вода прават таа да изгледа побезбедно и почисто од обична вода од чешма, а тоа е повеќе од доволно за да се скорнат сите наши стравови од умирачка.
Хрватските бројки покажуваат дека 85% од тамошното население имаат приклучок на јавен водовод, каде водата е со висок квалитет. Ова никако не пречи глобалните бројки да покажат дека Хрватска е 12-та во свет по потрошувачка на флаширана вода, и покрај тоа што таа е 1000 пати поскапа од водата од чешма.
Флашираната вода има подеднаков смисол како и флаширан воздух, ама децении маркетинг и веќе инстинктивно се подаваш по пластично шише вода кога ти се пие вода.
Мултинационални кампањи направија милијарди долари на фамата дека водата од чешма е несигурна и нездрава. Еве го она што тие не сакаат да го знаете за темата.