Во Канада, најголемиот дел од флашираната вода се полни од резервоарите во близина на Големите езера, каде корпорациите, како Нестле, ја купуваат по цена од 3,71 долар за милион литри. Ова можеби не би било запрепастувачки проблем кога десетици домородни заедници во земјата со децении не би живееле со препораки за вриење на водата пред користење.
Дел од јавноста бара зголемување на цената што компаниите ја плаќаат, меѓутоа според добар дел експерти се покажало дека тоа не е ни приближно доволно. Други бараат комплетно укинување на дозволите за полнење вода за профит, и дека на компаниите треба да им се дозволи "да ја користат водата како дел од производ, ама не како производ сама по себе."
"Со тек на време ова ќе значи комплетно укинување на флашираната вода," објаснува професорот од програмата за одржливост на Универзитетот во Торонто, Стивен Шарпер.
На страна околината, треба да се има предвид и дека флашираната вода не е ништо подобра од водата од чешма, а најчесто е и полоша. Во 1999, непрофитна организација вади извештај дека 25 проценти од флашираната вода не е ништо поквалитетна од водата од чешма. Во 2008, тестовите не само што покажуваат дека одредени брендови не се ништо подобри, туку во некои случаи ги надминуваат дозволените граници на загадување.
Канадските локални власти со закон се обврзани да објавуваат годишни извештаи за квалитет на водата, нешто што не е обврска на компаниите што продаваат флаширана вода. Дополнително, овие вториве се надгледувани од организации за заштита на потрошувачите, а не од државни агенции.
Еден аргумент што Канаѓаните го имаат за задржување на флашираната вода е дека таа е потребна во вонредни ситуации, како што моменталната состојба со домородните заедници кои заради нерешениот проблем со снабдувањето со вода, потребата од вода за пиење ја покриваат исклучиво со флаширана вода.