И на ниво на доктори и на ниво на здравствени експерти консензусот е дека потребата за вода во шише во Хрватска е измислена. Од Хрватскиот завод за јавно здравје потврдуваат дека нема никаква разлика во однос на здравствената исправност кај вода од шише и вода од водовод.
"Она во што се наоѓа основната разлика е што водата од јавен водовод мора да биде дезинфицирана, а кај флаширањето природна минерална и изворска вода тоа не смее да се направи," објаснува Жељко Дадиќ од Заводот.
Ова никако не и пречи на Јамница која во 2015 има исцрпено 314.500 метри кубни вода (што е над два пати повеќе од следните четири хрватски производители заедно).
Изместувањето на перцепцијата околу потребата од вода во шише во добар дел отпаѓа на маркетингот, за кој во 2015 Јамница има потрошено 21,5 милиони евра, додека за концесијата за вода, за овие 314 илјади кубици, има платено 1,24 милиони евра.
Броејќи ги парите на Јамница излегува дека тие во 2015 имаат приход од над 101 милион евра, од кои 13,8 милиони се оперативен профит. Кога брендот Јамница би бил посебна компанија (брендот е на Агрокор) тој по приходи би се наоѓал на 40 место на ранг листата на хрватски компании. Кога би се правело истото премерување според профит, Јамница би била на 9-то место во Хрватска, само две места под Конзум, кој инаку е на второ место по приходи.
Целата анализа тука