Се проценува дека од 2005, Нестле само од оваа локација има испумпано 129 милијарди литри вода.
И покрај масовното противење, Нестле неодамна добива проширување на дозволата на 1500 литри на минута.
Пред да им ја прошират дозволата, властите на Мичиген го обврзале Нестле потрошувачката да ја мине преку компјутерски модел кој ќе утврди дали зголемениот обем ќе биде штетен за околината. Компјутерскиот модел ја потврдува штетноста, но Нестле сепак успева да најде расположеност кај тамошните власти за проширување на дозволата, и користи податоци од свои сопствени истражувања за да покаже дека поголемиот обем на искористување нема да биде штетен.