Во една од фабриките што ги има во Мичиген, Нестле испумпува 950 литри вода во минута и ги флашира под брендот „Ајс Маунтајн“. За сета оваа вода Нестле на Мичиген му плаќа годишна дозвола од 200 долари.
Од продажба на кафе, како Нескафе и Неспресо, Нестле годишно има приходи од околу 2 милијарди долари, со зделката со Старбакс ова треба значително да порасне.
Конгломератот во чија сопственост е брендот Вител, е обвинет од жителите на градот Вител дека претерал со флаширање на водата од локалните извори заради што нив ги оставил без вода.
На луѓето од градот Флинт во Мичиген од чешма им доаѓа вода којашто не сакаат да ја пипнат, до толку што дури и се бањаат со флаширана вода. Во нивна близина водата ја вади од земја и им ја флашира компанијата Нестле. И за тоа годишно плаќа - 200 долари.
Властите на Калифорнија решија дека Нестле нема право да флашира и да продава вода за време на големата сушата што ја има зафатено американската сојузната држава.
Доминацијата на Нестле во индустријата за флаширана вода се базира на стратегија со два критериуми: да се најде регион кој има сериозни економски проблеми и лабави закони за управување со изворите на вода. После ова само пакуваш и рекламираш.