Калифорнискиот Борд за контрола на водните ресурси од 2015 има добиено бројни поплаки за тоа што Нестле бесправно ги искористува водните резерви од Националната шума Сан Бернардино и ги продава под брендот Ароухед.
Според законите на Калифорнија, правата на водата ги добива оној што прв има стигнато и го има откриено конкретниот извор. Во случајот со Нестле тоа е извесен Дејвид Нобл Смит кој пред 150 години на својот имот го открива изворот.
Откако ги прочешлува дозволите за искористување на водата издадени во изминатите децении, Бордот објавува дека компанијата нема основа за искористување на количеството на вода што моментално го собира од изворот. Тие одлучија дека тапијата на Дејвид Нобл Смит „не е валидна за моменталното пренасочување и искористување на водата од Националната шума Сан Бернардино од страна на Нестле.“
Разликата во бројките е што Нестле имале право на 8,5 милиони галони годишно, а искористувале 62 милиони галони.
Одлуката на бордот не е извршна, и содржи серија незадолжителни препораки за Нестле и искористувањето на природните ресурси.