Договорот значи дека сопствениците на Неспресо или Долче Густо машини ќе можат да купуваат капсули со кафе од Старбакс за домашна употреба.
Освен ова Нестле ќе може да продава Старбакс кафе во различни агрегатни состојби од зрна до мелено или инстант, користејќи ја својата глобална мрежа за дистрибуција. На пакувањата нема да стои името на Нестле, туку ќе биде испишан Старбакс и типот на кафе.
Старбакс и понатаму ќе продолжи да купува сирови зелени зрна кафе од плантажите, но сега Нестле ќе биде задолжено за печење на кафето според строгите правила и насоки на Старбакс. За парите Нестле не добива ништо од инфраструктурата на Старбакс, ниту пак производите на Нестле ќе се појавуваат во кафулињата на компанијата.