Рики Џервејс би сакал да поживее доволно долго за да види како сегашната „разбудена“ генерација ќе биде канселирана/откажана од нивните деца.
Во муабет со американскиот филозоф и автор Сем Харис, 60 годишниот британски комичар предвидува дека сегашната генерација нема да биде доволно разбудена за следната генерација.
„Сакам да живеам доволно долго за да видам како денес помладата генерација нема да биде доволно будна за следната генерација. А тоа е неизбежно. Зарем не сфаќаат дека тие се следните?“
Харис пак смета дека „прогресивноста“ не мора да е генерациско прашање потсетувајќи дека и денес, колку и некој да мисли дека е левичар, ќе се најде некој што е уште полево што ќе му даде право „да те третира како нацист.“