Рефренот гласи:
Do Do Do, De Da Da Da.
„Тоа е бре заeбaнција, детска игра, никој не слуша текстови, фак оф!“, вака во едно интервју аз Ролинг Стоун во далечната 1988 година се напна Стинг, прашан за „контроверзите“ околу тој текст на нивниот голем хит од 1980-та.
Со други зборови, човекот се изнервира што заебанција не му била разбрана. А заебанцијата е дека „De Do Do Do, De Da Da Da“ е генерална алузија на текстовите на песните. Дека и најглупавиот рефрен може да заврши работа.
Во други интервјуа, Стинг има објаснувано дека целта на „De Do Do Do, De Da Da Da“ е да покаже колку едноставните стихови можат да бидат најдобри и најефикасни.
Тоа го сфатил кога размислувал зошто бесмислените реплики од типот „би бап а лула“ се толку привлечни и се фаќаат за уво (кај нас тоа би било неизбежното „аман, аман“).
Стинг тврди дека отсуство на „подлабоко“ значење може да биде во корист на песната а потсетува и на поентата дека зборовите можат да бидат манипулативни.
А и контрастот е добредојден, па после „комплицираната“ прва строфа:
Don’t think me unkind
Words are hard to find
They’re only checks I’ve left unsigned
From banks of chaos in my mind
Доаѓа певливото:
De do do do, de da da da
Is all I want to say to you
De do do do, de da da da
Their innocence will pull me through
De do do do, de da da da
Is all I want to say to you
De do do do, de da da da
They’re meaningless and all that’s true
Може уште да се тупи за значењето и пораката на тој рефрен (имате овде), ама да ја чуеме песната од албумот „Zenyatta Mondatta“ од реномираниот вокално-инструментален состав „Полицијата“, која стана прв хит кој влезе во Топ 10 на Билборд.