Се работи за вкупно 83 победници и презентери, а во „торбите“ што ги добиле имало над 35 производи, услуги и искуства (што веројатно е модерниот термин за ноќевање или одмор). Подароците се организирани и собрани од Глобусите и магазинот за луксуз, Роб репорт.
За да не биде галама, магазинот објави и дека планира да донира непозната сум за Фондацијата Златни глобуси.
Меѓу подароците имало егзотично патување со јахта, летање со приватен авион, кастом патики, тетоважи и приватни лекции за правење пица. Во други пакетчиња имало 2 ноќевања во Франција, ол-инклузив престо во Нов Зеланд, приватни лекции за сурфање во Јужна Калифорнија, и обетки од смарагд од 69.000 долари.
За споредба торбата со подароци за Оскарите 2020 беше проценета на 200.000 долари.