Секојдневните производи за широка потрошувачка содржат стотици хемикалии кои би можеле да го зголемат ризикот за рак на дојка, предупредуваат научниците. Иако е познато дека некои хемикалии директно предизвикуваат рак, има многу други кои индиректно го помагаат со тоа што ја зголемуваат нашата подложност на формирање и раст на одредени тумори.
Ракот на дојката е вториот најчест карцином кај жените во САД од кој а заболуваат околу 240.000 жени (и 2.100 мажи). Преку 42.000 души годишно умираат од тоа.
Се јавува кога клетките во ткивото на дојката растат неконтролирано. Меѓу многуте фактори на ризик е прекумерната изложеност на естроген, прогестерон и хормонални нарушувања. Не е само хормонската контрацепција онаа што може да влијае на нивото на хормоните во нашето тело; бројни синтетички хемикалии ја нарушуваат хормонската рамнотежа.
Во една нова студија, се идентификувале хемикалии кои ги менуваат хормоните на начини кои би можеле да го промовираат тој вид на рак. Поточно, тимот барал хемикалии за кои се покажало дека ги активираат естрогенските рецептори во телото и оние кои предизвикуваат прекумерно производство на естроген и прогестерон.
Севкупно, тимот идентификувал 921 хемикалија кои потенцијално би можеле да го промовираат развојот на рак на дојка, од кои 90 проценти - или 829 - најчесто се вклучени во производите за широка потрошувачка, храната, пијалоците, пестицидите, лековите и на работните места.
„Оваа нова студија обезбедува патоказ за регулаторите и производителите брзо да ги означат потенцијално опасните хемикалии за да се спречи нивната употреба во производи за широка потрошувачка и да се најдат побезбедни алтернативи“, вели Џенифер Кеј, истражувач во студијата.