Не се бара лек после 75-та година

Езекиел Емануел е познат американски онколог, беше архитект на големата реформа на американскиот здравствен систем позната како „Обамакер“, во доста наврати беше ангажиран во Белата куќа за Барак Обама и Џо Бајден, а го бараа и во пандемијата. Голема прашина дигна неговиот есеј  „Зошто сакам да умрам во 75-тата година“

Доктор Емануел најави дека кога ќе наполни 75 години, ќе престане да бара начини да ја надитри смртта па нема да бара лек за ниедна болест која доаѓа со староста.

Значи, никакви антибиотици, хемотерапии, операции, стентови, длабински скенирања или вакцини. Во суштина, ќе избегнува секаков контакт со лекари. Вели дека попрво сака да замине на старомоден начин, од бруталната брзина на природата, отколку да трпи деценија или повеќе медицински продолжени повеќекратни болести.

„Смртта е загуба но такво е и предолгото живеење. Преживуваме онеспособени и се распаѓаме пред сите. Веќе не нè памтат како живи и ангажирани туку како слаби и за греота.“

Доктор Емануел сепак е против легализацијата на евтаназијата, тој се залага за природно преживување на најспособните.

Денес има 65 години. Неговите двајца помлади браќа го зезаат „Уште цели 10 години ќе мора да те трпиме?“ а неговиот зет рече дека кога стариот ќе наполни 75, на спиење ќе го нашприца со сите можни вакцини и лекарства.

 

30 декември 2023 - 11:03