„Мислам дека ќе се онесвестам, прстиве не ги чувствувам,“ издишал Вилис Гибсон на своето гејмерско столче откако на 157-то ниво Тетрис не издржа и се скрши.
Му требале 38 минути да ја победи играта.
Популарната видео игра со блокови кои забрзано паѓаат а треба да се порамнуваат за да се чисти просторот првично беше создадена во 1984 година од советскиот инженер Алексеј Пајитнов, а се здоби со популарност по нејзиното деби на Nintendo Entertainment System (NES) и рачната конзола на Nintendo Game Boy, во 1989 година. Денес, таа може да се игра на низа конзоли и платформи, вклучително и мобилни телефони.
Во 2010 година, професионалниот гејмер Тор Акерлунд успеа да стигне до 30-то ниво користејќи техника наречена хипертапинг, кога играчот ги вибрира прстите за да постигне поголема брзина.
Малиот Вилис (на Јутјуб е Blue Scuti) игра Тетрис две години и успеа да го скрши, односно да му се појави „kill screen“, кога играта се закочува и блоковите престануваат да паѓаат.
Тоаа досега ѝ успеваше само на вештачката интелигенција.
*********
Види:
Вистинската трилер приказна позади филмот за „Тетрис“
Ако ви се игра- тука