На патот до златото Ацевска во полуфиналето славеше со ипон против Федерика Маза од Италија, а во финалето ја совлада Каја Орзечовска од Полска со 16-7 и заслужено се искачи на највисокото скалило на пиедесталот.
На турнирот настапија 267 натпреварувачи со 293 натпреварувачки влезови од 24 земји.
Во ноември минатата година македонската репрезентативка на Светското првенство во џиу џицу во Бангког, Тајланд, го освои првиот сениорски медал за Македонија освојувајќи ја бронзата, што претставува и еден од најголемите успеси на македонскиот спорт за 2025-та.
Со ова прво место, Ацевска освои многу важни бодови за Светската ранг листа, каде полека го напаѓа третото место.



