- Само еден месец по заробувањето на Николас Мадуро од страна на американските специјалци, Венецуела ја испраќа својата прва пратка нафта во Израел после долго време.
- Последен пат Израел доби нафта од Венецуела во средината на 2000 година.
- По заробувањето на Мадуро, Трамп најави дека САД ефикасно ќе ја „управуваат“ државата сè додека не се случи „разумна“ политичка транзиција и изнуди рекетарски договор со Венецуела.
- Многу брзо по десантот на Венецуела, Шеврон, единствената западна компанија на која ѝ е дозволено да вади венецуелска нафта, почна да го прави тоа со рекордно темпо.
- Додека земјата се справува со длабока економска промена, Русите треба да размислат да работат по 12 часа дневно, шест дена во неделата, предлага рускиот милијардер Олег Дерипаска.
- Рускиот крал на алуминиумот смета дека рускиот народ треба да се потпре на својот главен национален ресурс - во тешки моменти да се здружи и да запне.
- „Колку побрзо се префрлиме на ова ново работно време - од 8 часот наутро до 20 часот навечер, вклучувајќи ги и саботите - толку побрзо ќе ја завршиме неопходната трансформација“, напиша индустрискиот магнат.
- Олег Дерипаска има 58 години, сопственик е на алуминиумскиот гигант “Русал” и неговото богатство пред инвазијата се проценуваше на 3,8 милијарди, подоцна падна на 1,7 милијарди милијарди долари. Кога беше најјак, имаше 28 милијарди.
- Честите заминувања на Доналд Трамп по голф терени, во првите 14 месеци од вториот мандат ги чинат американските даночни обврзници 101,2 милиони долари, трошоци за патување и обезбедување.
- Тоа се веќе околу две третини од целата негова голф сметка во првиот мандат, што не беше мала.
- Со ова темпо, вкупната сума би можела да се искачи до 300 милиони долари до крајот на неговиот втор мандат.
- Последен пат на голф беше во Вест Палм Бич. 56 пати бил таму од инаугурацијата во 2025 година.
- Од 435 дена на функција, 110 дена играл голф.
- А вие го мислите дали е арен.