- Со „пиштол на чело“ Америка издејствувала договор со Венецуела по кој со парите од нејзината нафта (првично 50 милиони барели) со која ќе тргуваат САД, Венецуела ќе купува ИСКЛУЧИВО американски производи.
- Венецуела „слободно“ ќе може да купува американски земјоделски производи, лекови, медицинска опрема и технологија потребна за обнова на енергетската и друга инфраструктура.
- „Со други зборови, Венецуела се обврзува да соработува со Соединетите Американски Држави како клучен партнер - мудар избор и многу добра работа за народот на Венецуела и САД“, напиша Трамп.
- Освен да нападне земја, да им го киднапира претседателот и да се прогласи за ВД управник на државата, американското водство не најде друг начин како да ја сосеча Кина која во меѓувреме стана главен трговски партнер на Јужна Америка.
- Володимир Зеленски изјави дека би прифатил мировен договор кој би го потврдил разграничување на Украина и Русија по сегашната линија на фронтот.
- Тој потврдно одговори на прашањето од водителот на Фокс њуз, Брајан Килмид, „дали би се согласил на мировен договор со кој би се замрзнал статус квото, при што Украина би задржала најмалку 75% од својата територија?“.
- „Во моментов треба да ја замрзнеме ситуацијата и сметам дека тоа е вистинскиот пат кон завршување на оваа војна. Ние тоа го нарекуваме прекин на огнот“, рече Зеленски.
- Ако ова е прифатливо и за Русија, Киев би преговарал за безбедносни гаранции од САД и европските сојузници.
- Зеленски ова го изјави по средбата во Осло со американскиот мировен пратеник Стив Виткоф, кој продолжи во Москва за да му го претстави новиот американски мировен план на рускиот претседател Путин.
- Претходно Зеленски изјави дека Украина „не ја губи војната“, туку „губи луѓе, време, децата растат во воени услови...“ и затоа војната мора да заврши што е можно поскоро.