Во 2024 година, холандска група истражувачи објавија труд во Британскиот медицински журнал кој предупредува дека некои смртни случаи од пандемија можеби се предизвикани од индиректните ефекти на карантинските мерки и вакцинацијата.
Трудот беше рецензиран девет месеци и конечно одобрен како научно и методолошки коректен од страна на уредништвото на журналот.
Сепак, неделава бил повлечен по низа жалби.
Дополнителната рецензија не пронашла докази за злонамерност, фабрикување или фалсификување на податоци, но сепак го етикетирала делото како погрешно и селективно бидејќи „не го одразува научниот консензус“ и непропорционално се фокусирало на негативните ефекти од вакцинацијата.
Д-р Саскија Мостерт, првата авторка на трудот изјави дека не била подготвена за „ирационалниот и слеп бес“ кои следувале по објавувањето. Тројца експерти од Холандија му пишаа на уредничкиот одбор на БМЖ со шокираност од повлекувањето и побараа да се преиспита последната одлука.
„Повлекувањето е непропорционално и покренува сериозни прашања за степенот до кој политичките размислувања имале улога во вашата одлука. Повлекување како ова не само што му штети на научниот интегритет туку поставува и ужасен преседан во овие времиња на зголемен политички притисок врз научниците,“ пишаа тие.
Студии проценуваат дека околу 450.000 животи можеби биле спасени со ковид вакцината во Велика Британија, но повеќе од 22.000 луѓе побарале отштета од државата поради увереност дека тие или нивни блиски претрпеле штети од вакцината. Владата досега има исплатено речиси 30 милиони фунти на 249 лица, а вакцините сега доаѓаат со предупредувања за ретки опасни несакани ефекти.