Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Френсис Клифорд Смит од Конектикат осум пати бил послужен  со последен оброк пред да биде ослободен од смртна казна.

Бил осуден на смрт во 1950 година за убиство на ноќен чувар во Гринич. Во тоа време имал 25 години.

Животот му бил поштеден откако сведоците ги смениле своите искази а друг затвореник признал дека тој го сторил убиството. Еден агент призна дека не е сигурен дали Смит воопшто бил на местото на злосторството.

Животот му бил поштеден до 1954 година, два часа пред да биде егзекутиран со струја и смртната казна му е заменета со доживотен затвор. 

Вкупно отслужил преку 70 години зад решетки но почина во дом за стари лица, каде под надзор се наоѓал последниве шест години. Во тие седум децении имало прекини, како во 1967 кога Смит избегал од затвор па го фатиле после 12 дена.

 

 

 

 

21 август 2026 - 11:22