Кари ја даде оваа забелешка за време на радио дискусија за најавеното сместување на 1.200 азиланти во поранешен воен локалитет во близина на Литл Пидингтон, во Бакингемшир.
Идејата предизвика загриженост во локалната заедница за потенцијалните социјални ефекти од сместувањето на голем број млади мажи во мала рурална заедница.
„Не сум сигурна дека ќе ми биде дозволено да го кажам ова, но очигледното нешто што ќе им треба на 1.200 млади мажи во селска средина како Литл Пидингтон е бордел,“ рече таа и призна дека не верува дека нејзиниот предлог ќе биде прифатен.
Изненадувачки, предлогот наиде на разбирање на другата соговорничка во емисијата, инаку авторка и коментаторка, која се замисли што баратели на азил сместени на таква локација би правеле во своето слободно време.
„Навистина, доколку нема бордел во Пидингтон како што предлага Едвина, што ќе прават тие цело време?“, рекла А.Н. Вилсон
Инаку, Пидингтон е село со околу 350 жители и разбирливо, изразија загриженост во врска со обемот и локацијата на предложениот објект. Предложениот сместувачки капацитет е дел од пошироките напори на британската влада за порамномерна распределба на барателите на азил во обид да ја намали зависноста од хотелите за азиланти.