Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Тим предводен од невронаучници од Норвешкиот универзитет за наука и технологија во Трондхајм ги објави резултатите од експериментот во кој учествувале студенти на кои им била снимана мозочната активност со густа EEG-мрежа од 256 сензори.

Учесниците требало да пишуваат зборови или со дигитално пенкало на екран (ракописно) или да ги куцаат на тастатура.

Резултатите биле јасни и недвосмислени: при рачно пишување се појавувале пошироки и посилни мрежи на мозочна поврзаност, особено во регионите на мозокот кои се задолжени за формирање меморија, сензорна обработка и кодирање на нови информации.

При чукање на тастатура, оваа богата синхронизирана активност во голема мера отсуствувала.

„Кога пишуваме со рака, мозокот мора да ги координира визуелните, моторните и просторните информации на многу посложен начин. Секоја буква бара уникатен моторен образец. Работењето на тастатура, од друга страна, се состои од едноставни, репетитивни движења на прстите“, објаснува Одри ван дер Мир.

Овие наоди се совпаѓаат со некои постари истражувања, како што е познатата студија од Универзитетот Принстон, според која студентите што фаќаат белешки со рака подобро разбираат концепти во споредба со оние што забелешките ги пишуваат на лаптоп.

Заклучокот е дека за подлабоко учење и подобро запомнување, вреди да се земе пенкалото во рака поради што препорачуваат, покрај дигиталните вештини, училиштата да ја задржат рачната писменост како важен дел од наставата.

А да, за она доцна:

20 август 2026 - 15:16