Истражувачите од Универзитетот Бар-Илан во Израел произвеле органоиди - вештачки минијатурни органи - кои вешто ја имитираат структурата и функцијата на природните тестиси. Овие органи одгледани во лабораторија, израснати од клетки земени од глувчешки тестиси, формирале мали тубули за копи се верува дека имаат потенцијал во некои следни фази да произведуваат сперма како вистинските тестиси.
Истражувањата покажуваат дека еден од осум парови наидуваат на проблеми при обидот да имаат деца, а во околу половина од случаите проблемот лежи во машкиот партнер. Нискиот број на сперматозоиди или лошиот квалитет на спермата може да има повеќе причини, вклучително и генетски дефекти, хормонална нерамнотежа и друго. Одгледување вештачки тестиси нудат уникатен увид во разбирање на проблемите и нивно потенцијално лекување.
Тестисот врши две клучни работи кај мажите - производство на сперма и синтетизирање на хормонот тестостерон. Ре-креирање на овие органи во лабораторија ги снабдува истражувачите со доволно биолошки материјал за навлегување во сложените процеси што во нив се одвиваат.
Во други експериментални студии веќе се произведени органоиди на мозок, бубрези, црева и други органи.