„За нас повеќе не е исплатливо да ги дистрибуираме нашите дигитални содржини на начинот на кој тоа претходно го правевме. Како дел од примената, повеќе нема да објавуваме содржини на vice.com,“ напишал ЦЕО-то на Вајс медиа, Брус Диксон во меил до вработените.
Тие најверојатно ќе успеат да го продадат сајтот Рафинерија29, а сите останати ги чека „репозиционирање на ресурсите и зголемување на ефикасноста на функционирањето на Вајс“, во народ познато и како масовно отпуштање.
Вајс медиа во јуни минатата година беше купен од ФИГ (Фортрес инвестмент груп). Со последните промени тие и официјално се откажуваат од првичната намера да се спасат сајтовите и содржината, и наместо тоа ќе се оди развивање на нивните сервиси насочени кон компаниите, вклучително услуги преку нивната продукција и креативна агенција.
Фортрес го купи Вајс минатата година за 350 милиони долари и од тогаш се обидува да го продаде целиот пакет, но не му успева. Во пикот Вајс медиа вредеше 5,7 милијарди долари.
Меѓу баснословно финансираните дигитални медиуми кои згаснаа периодов е и сајтот Месинџер, кој отвори во мај 2023 со буџет од 50 милиони долари и 175 репортери. Во тоа време претставници на компанијата изјавија дека намерата им е да имаат 500 новинари до крајот на 2024. 50-те милиони им траеа само до јануари 2024.