„Потребно е државните здравствени агенции сериозно да ја разгледаат оваа состојба и да престанат да ги стигматизираат лекарите и пациентите кои ги пријавуваат ваквите наоди за да можеме да им ја дадеме на луѓето потребната помош“, велат двајца лекари за критична него од Алијансата FLCCC (the Front Line COVID-19 Critical Care Alliance) кои им помагаа на огромен број луѓе за време на пандемијта.
Еден од нив отворил приватна ординација фокусирана на пациенти со продолжен ковид.
За две години, ординацијата третирала над 1.000 лица. Приближно 70 отсто од нив рекле дека симптомите ги добиле после вакцинација за ковид (станува збор за минути, часови или најмногу денови по боцкањето).
Овој синдром, засега наречен „продолжена вакцина“, почнува да се пробива и во медицинската литература. Д-р Харлан Крумхолц од Медицинскиот факултет во Јеил објави студија за 241 пациент кои опишале симптоми како на прекумерен замор, вкочанетост, мозочна замаеност, невропатија и слично. Притоа пациенти од продолжен ковид биле исклучени од студијата, која чека рецензија од научната заедница.
„Загрижени сме дека ваквите наоди и други извештаи за несакани дејства од вакцинацијата против ковид-19, ќе подлежат на истата институционална цензура што ја видовме во текот на пандемијата. Потиснувањето на оваа информација ризикува да создаде уште поголема катастрофа. Постои широко распространета тревога за автоимуните болести кои достигнуваат „епидемиски нивоа“. Голем дел од ова се припишува на самиот ковид, но има сè повеќе евиденција дека и вакцинациите можеби придонеле за овој тренд“, пишуваат Пјер Коли и Пол Марик во Хил.
Тие потсетуваат дека скорешни судски случаи против државата го раскринкуваат притисокот што администрацијата на Бајден го изврши врз компаниите на социјалните медиуми да ја потиснуваат дискусијата за алтернативни третмани за ковид, додека се туркаше кампањата за масовно вакцинирање.