Протеинот е штетен за здравјето, ако читаш само наслови

Нова студија објавена во журналот Нејчр метаболизам покажала дека консумирање на преголема количина на протеин е штетна за артериите, бидејќи предизвикува таложење на масти, холестерол и други состојки на ѕидовите на артериите а со тоа го стеснува и го намалува протокот на крв.

Според сегашните насоки од американскиот Национален институт на здравје, за одржување на килажа мажи треба да внесуваат 2.500, а жени 2.000 калории на ден. Според податоците од минатата деценија речиси четвртина од овие калории доаѓаат од протеин, главно месо.

Пренесувајќи ја веста, Њујорк пост наведува дека јајца, месо, риба и леќа се јадења кои содржат голема количина протеин, дополнувајќи со препораката од првиот човек на истражувањето, Бабак Разани од Универзитетот во Питсбург, дека треба да се отвори нов разговор за промена на насоките за јадење кои ќе ги земат предвид резултатите од истражувањето.

Во студијата, како што е ред, е наведена и методологијата како и стигнато до овие резултати. Бидејќи истражувачите не можеле да постигнат доволно блиска научна конзистентност кај учесниците со давање различни оброци со месо, риба, јајца и други природни извори на протеин, ним им биле правени шејкови.

Шејковите се без ниту една од погоре споменатите состојки но затоа „содржеле некои или сите од следните состојки“: Буст плус (комерцијален пијалак суплемент), Анџури (комерцијален протеин од сурутка), обезмастено млеко во прав, Сол карб (комерцијален суплемент), масло од канола, вода и леуцин.

Подетално, содржината на овие состојки е:

Boost plus:
Water, glucose syrup, sugar, vegetable oil (canola, high oleic sunflower, corn), milk protein concentrate, and less than 2% of cocoa processed with alkali, soy protein isolate, calcium caseinate, sodium caseinate, vitamins and minerals‡, gum acacia, fructooligosaccharides, inulin (from chicory), soy lecithin, salt, carrageenan, natural and artificial flavor

‡vitamins and minerals: potassium citrate, calcium phosphate, magnesium chloride, magnesium phosphate, sodium ascorbate, choline bitartrate, potassium chloride, ferric pyrophosphate, dl-alpha tocopheryl acetate, zinc sulfate, niacinamide, calcium pantothenate, manganese sulfate, pyridoxine hydrochloride, riboflavin, thiamine hydrochloride, vitamin a palmitate, copper sulfate, folic acid, potassium iodide, vitamin k1, chromium chloride, sodium selenite, biotin, sodium molybdate, vitamin d3, vitamin b12

Unjury:
Filtered Water, Grade "A" Milk Protein Isolate and less than 2% of: Cream, Natural and Artificial flavors, Gellan Gum, Cellulose Gel, Cellulose Gum, Salt, Potassium Phosphate, Sodium Phosphate, Acesulfame Potassium, Sucralose

Sol carb:
Maltodextrin

26 февруари 2024 - 10:58