Таг: протеин

Протеински прашок збогатен со олово и кадмиум

Анализа на протеински прашоци открива дека добар дел од производите што регуларно се продаваат содржат „вознемирувачки високи“ нивоа на олово и кадмиум. Најголемиот криминал бил кај растителниот и органскиот протеин, како и производите со вкус на чоколадо.

Протеинот е штетен за здравјето, ако читаш само наслови

Нова студија објавена во журналот Нејчр метаболизам покажала дека консумирање на преголема количина на протеин е штетна за артериите, бидејќи предизвикува таложење на масти, холестерол и други состојки на ѕидовите на артериите а со тоа го стеснува и го намалува протокот на крв.

Од работничка до кралица: разликата да ти била во само еден протеин

Повеќето мравки ги минуваат своите животи поддржувајќи ја колонијата и својата кралица, родени да играат одредена улога. Но кога кралицата ќе умре, тие имаат ретка можност да се борат за нејзината позиција. Сега научниците открија мала промена во еден единствен протеин, кој може да одреди дали некои мравки ќе останат работници или ќе се качат на највисокото скалило на хиерархијата, станувајќи „владетели“.

Само заради маркетинг се товите со протеин

Дека на организмот му треба протеин, му треба, исто како што му требаат и јагленихидрати и масти. Меѓутоа од овие три, протеинот е единствен што не е распнат од медиумите, факт кој одлично им легна на производителите на храна и посебно нивниот маркетинг оддел.

Забораваме за да не полудиме

Ингрид Бергман велеше дека среќата е составена од добро здравје и лоша меморија. Науката потврдува за последново, дознавајќи дека мозокот активно работи на тоа да заборави некои работи.