Стандардот на американска ЕПА е дека не постои ниво на олово во храна кое е безбедно за луѓето. Ништо не е подобро ни со кадмиумот кој е карциноген што е токсичен за срцето, бубрезите, стомакот, мозокот, респираторниот и репродуктивниот систем.
Имајќи го ова предвид, истражувањето на непрофитната организација Клин лејбл продукст, покажало дека „во просек, органските протеински прашоци имаат три пати повеќе олово и два пати повеќе кадмиум отколку неорганските производи.“
Слично е и со протеинот базиран на соја, ориз, грашок и други растенија, кои имаат и до три пати повеќе олово отколку протеинот од сурутка.
Едно од објаснувањата за ова е дека растенијата природно ги апсорбираат металите од земјата, а овие нивоа варираат во зависност од тоа колку почвата во која биле посадени е загадена од околни индустрии, пестициди, ѓубрива или рударски ископи.
Друг клучен извор на загадување на протеинот е додавањето на чоколадо, па прашоците со вкус на чоколадо имале 4 пати повеќе олово или 110 пати повеќе кадмиум отколку оние со вкус на ванила. Проблемот со загадувањето со тешки метали го има самото какао и темно чоколадо, кое на студија од јули 2024 се покажа дека ги надминува границите на загаденост со олово пропишани од американските закони.
Во истражувањето се проверувало и за присутност на БПА и БПС (загадувањето од пластика) во протеинскиот прашок и траги од истите биле најдени само во 3 од 160 различни производи, споредено со 55% во 2018.