По своето откритие за ДНК контаминација во мРНК вакцините за ковид, геномскиот истражувач Кевин Меккернан не толку одамна откри дека ДНК во овие вакцини може потенцијално да се интегрира во човечката ДНК.
„Се очекува ова да бидат „ретки настани“, но може да се случат“, вели Меккернан за Епок Тајмс.
Од претставувањето на мРНК вакцините, дел од јавност беа загрижени дека вакцините може да го модифицираат човечкиот ген со комбинирање на нивните секвенци со човечкиот геном.
Фактчекерите го побиваа ова, наведувајќи дека мРНК не може да се трансформира во ДНК.
Професорката Улрике Камерер од Универзитетската болница во Вирцбург во Германија изложувала клетки на рак на дојка и јајници на Фајзер и Модерна вакцини и открила дека околу половина од клетките ги апсорбирале вакцините.
Меккернан откри ДНК секвенци од вакцината во два хромозома во клеточните линии на ракот: хромозомот 9 и хромозомот 12.
Важно е да се добијат две читања на ДНК интеграција за да се осигура дека интеграцијата не е резултат на погрешно читање или случајна грешка. Машината за секвенционирање ги открила двата случаи на интеграција двапати.
Ваквите наоди сè уште се прелиминарни а и бидејќи тестот е спроведен во клетки на ракот, а не во здрави човечки клетки, не сугерира дека истата интеграција би се случила кај здравите човечки клетки.